Заменикот на овластениот предлагач од ВМРО-ДПМНЕ, пред ДИК ги образложи двата приговора поднесени за две избирачки места, каде било забележано нарушување на тајност на гласање, семејно гласање, издавање гласачки ливчиња преку ред, а исто така биле забележани и повеќе лица зад параванот.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, на членовите им предочи дека во записникот на Општинската изборна комисија (ОИК) немало никаква забелешка, а забелешката до ОИК е поднесена половина час по истекувањето на рокот.
На приговорот на ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави и потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи од ДУИ.
Вториот приговор се однесуваше дека на избирачкото место не светела доволно силно УВ ламбата и спрејот не оставал трага на показалецот.
ДИК ги одби и двата приговора за Кичево, при што членовите на ДИК предложени од ДУИ и ДПА, гласаа против приговорите, СДСМ беа воздржани, а ВМРО-ДПМНЕ гласаа за прифаќање на предлогот.
Makfaks