
На состанокот се поканети претставници од институциите со кои соработува Државната изборна комисија, и тоа Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Државниот завод за статистика, Управата за водење на матични книги, Секретаријатот за европски прашања и Дирекцијата за заштита на лични податоци, четирите најголеми политички партии: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, СДСМ и ДПА, Амбасадата на САД, Делегацијата на ЕУ, Мисијата на ОБСЕ, ИФЕС, како и невладините организации МОСТ и ЦИВИЛ, соопштија од ДИК.
ДИК, пред откажувањето на изборите, на 5 јуни, со мнозинство гласови одлучи дека списокот е проверен и прочистен и оти Комисијата е подготвена за организирање на гласањето.
Сепак, од опозициската СДСМ тврдат дека списокот не е прочистен, и сè додека не биде прочистен, тие нема да учествуваат на избори.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на прославата на партијата повика Државната изборна комисија да направи проверка на гласачите по теркот на СДСМ.
OhridNews
Извор:„Макфакс“











