По целодневни пребројување на материјалите од предвремените парламентарни избори, Државната изборна комисија вечерва ги соопшти првичните неофицијални резултати и распределбата на мандатите во идниот парламент. Најмногу пратеници во собранието ќе има ВМРО ДПМНЕ – 51, СДСМ – 49, ДУИ – 10, БЕСА – 5, Алијанса за Македонија – 3, ДПА -2,
Мандати по Изборни единици
ИЕ 1: СДСМ 10, ВМРО ДПМНЕ 8, БЕСА 1, ДУИ 1 (73,62%)
ИЕ 2: ВМРО ДПМНЕ 9, СДСМ 8, ДУИ 2, БЕСА 1 ( 66,54%)
ИЕ 3: ВМРО ДПМНЕ 11, СДСМ 9 (72,74%)
ИЕ 4: СДСМ 10, ВМРО ДПМНЕ 10 (75%)
ИЕ 5: СДСМ 9, ВМРО ДПМНЕ 9, Алијанса за Албанците, ДУИ 1, (64,67%)
ИЕ 6: ВМРО ДПМНЕ 4, СДСМ 3, БЕСА 3, Алијанса за Албанците 2, ДУИ 6, ДПА 2. (51,32%)
Согласно резултатите од предвремените парламентарни избори, претседателот државата треба да го довери мандатот за составување на новата влада на партијата со најмногу пратеници, која треба да обезбеди парламентарни мнозинство. Доколку тоа не може да го направи мандатот се дава на вртората партија или коалиција по бројот на освоени мандати и.т.н..
OhridNews