Според обработените податоци на Државната изборна комисија од спроведените вонредни парламентарни избори и извршената симулација на мандати , во новиот состав на собранието на Република Македонија ВМРО- ДПМНЕ  ќе има 61 пратеник, СДСМ 34, ДУИ 19, ДПА 7, и по еден пратеник ќе имаат ГРОМ и НДП.

На вонредните парламентарни избори на ниво на Македонија гласале вкупно 1.139.353 гласачи.

Од нив својот глас за ВМРО-ДПМНЕ го дале 480.588 од гласачите, за СДСМ гласале 283.869, за ДПА 66.392, ДУИ 153.577, ГРОМ 31.610 и за НДП гласале 17.783.

Според податоците на ДИК, на претседателските избори на гласање излегле 966.834 граѓани, односно 54,33% од гласачите. За претседателскиот кандидат на ВМРО- ДПМНЕ гласале 534.154 односно 55,25%, а за претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски 398.008 односно 41,17%.

Во општина Охрид, излезноста била 66,06%. За Ѓорѓе Иванов гласале 19.481 односно 57,58% од гласачите, а за Стево Пендаровски 13.185 односно 38,97%.

Во општина Дебрца за Ѓорѓе Иванов својот глас го дале 1.762 односно 54,52% од гласачите, додека пак за Стево Пендаровски се изјасниле 1.401 односно 43,35%.

Во општина Струга, за Ѓорѓе Иванов гласале  9.018 граѓани, а за Стево Пендаровски 10.814 гласачи.  

Т.К.