Државната изборна комисија, ги објави резултатите од обработени 99,72% од избирачките места, на кои гласале 1.189.481 гласачи, односно 66,88% од вкупно запишаните граѓани во Единствените избирачки списоци.
Според овие сеуште неофицијални резултати, за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија гласале 452.709 односно 38,06%, за СДСМ и коалицијата 436.469 односно 36,69%, за ДПА 31.017 2,61%, ДУИ 86.812 7,30%, Алијанса за Албанците 35.091 2,95%, ВМРО за Македонија 24.449 односно 2,06%, БЕСА 57.927 4,87%, за Левица гласале 12.119 односно 1,02%, ЛП 3.840 0,32%, ПДП 1.142 0,10%, КПП трет блок 10.083 0,85%.
Во општина Охрид гласале 36.447 лица, односно излезноста била 70,29%. Од нив за ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласале 16.691 односно 45,80%, за СДСМ и коалицијата 14.792 односно 40,58%, за ДПА 248 0,68%, ДУИ 937 2,57%, КПП трет блок 213 0,58%, Алијанса за Албанците 166 0,46%, ЛП 80 0,22%, ВМРО за Македониј 1.373 односно 3,77%, за БЕСА 310 0,85% и за Левица 309 односно 0,85% од гласачите во општина Охрид.
Државната изборна комисија, се уште не излегла со симулација на пратенички места, со оглед на тесната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на денешниов ден ДИК ќе се произнесе со своја оценка за изборниот процес. До три часот изутрината, немало пристигнато никакви приговори во врска со вчерашното гласање на изборите.
OhridNews