СВР Охрид поднесе кривична пријава против 39-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“.
На 19 февруари оваа година, пријавениот за 50 евра набавил одредена количина опојна дрога марихуана, која сакал да ја продава на наркозависници од Охрид и Струга, а дел да ја користи за лична употреба.
„Следниот ден околу 10 часот и 15 минути лицето е забележано на паркинг просторот кај градскиот пазар и притоа кај него пронајдени се 72 грама марихуана. Еден дел била во целофанска паковка сокриена во левиот џеб од пантолоните а друг дел во најлонска кеса покриена со црна капа. Со примена на брзи имуно-ензимски тестови, кај пријваениот е утврдено присуство на метаболити од тетрахидроканабинол-психоактивна супстанца што ја содржи растението Cannabis.“ – информираат од СВР Охрид.
Инаку, пријавениот е лице познат на службата против кого, по слични основи, и досега биле поднесувани кривични пријави.
OhridNews