СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Л.(21) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“. Во август 2009 година, во Охрид,  е извршен преглед над пријавениот и кај истиот е пронајдена 4,8 грама наркотична дрога-марихуана, што претходно ја набавил од непознато лице.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.У. (26) од Охрид, за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотична дрога“. Во период од јануари до јуни 2009 година, пријавениот во повеќе наврати, во шупа во близина на неговата куќа, овозможил повеќе лица да користат наркотична дрога, соопшти МВР.

Ohridnews