Димче Kитрозоски по вокација е електроинженер, а по професија музичар и витражист. Најголемата поддршка во работата со неговото студио е неговата фамилија, не само морална, туку и конкретна.

Повеќето песни кои ги работи за странски пазар ги изведуваат неговата ќерка Eва и неговата сопруга Жармена. Китрозоски посебно го радува фактот што неговата ќерка Ева веќе комплетно ги компонира и аранжира дел од песните.

Со самото создавање на студиото „Китрозон“ е направена допирна точка со создавање песни за детскиот фестивал „Распеано рибарче“. Првите песни му се од 1998 година, а од 2000-та година го работи и како продуцент.

Со витражи Димче Китрозоски се занимава од 1998 година. Тоа е техника на работа со парчиња обоено стакло во ликовна применета уметност. Започнал да ја работи оваа уметност кај Митко Попоски во МПМ студио долги години, каде работеле на доста големи проекти, а последните неколку години работи самостојно.

Обични херои Е19 Димче Китрозоски

OhridNews