Димче Стојкоски – Лепиот прогласен за почесен претседател на ОФС Охрид
11.06.10 09:06
Општинскиот фудбалски сојуз на свечена седница го прогласи Димче Стојкоски – Лепиот за почесен претседател на ОФС Охрид. Лепиот стави крај на долгогодишната 50 годишна мисија, да го развие фудбалот. Неговиот минат труд и неговата беспрекорна работа не останаа незабележани од УО на ОФС Охрид кој одлучи да му даде посебно место во историјата на Стојкоски.
Почесниот и актуелниот преседател на ОФС Охрид – Стојкоски и Попоски
– Ми претстувава огромна чест и задоволство што во изминатите пет децении од спортското работење имаше човек како Димче Лепиот кој со својата работа го задолжи овој сојуз . Во името на УО на ОФс му се заблагодарувам од се срце и на вас помладите ви препорачувам да ги следите неговите стапки – рече преседателот на ОФС , Диме Попоски.
Од името на Општинскиот одбор на судиската организација на Охрид, претседателот Богоја Маркоски му го честита јубилејот од 50 години работа во ОФС и му посака добро здравје, долг животи мирни пензионерски денови.
– За мене овој денешен чин претставува животно дело. Јас сум благодарен на вашата соработката и на соработката со сите колеги кои во овие 50 години минале низ ОФС Охрид. Верувајте додека сте млади не го чувствувате значењето на ваквите пригоди, но завршувањето на кариерата на еден ваков начин навистина многу значи – низ солзи рече почесниот претседател на ОФС Димче Стојкоски – Лепиот.
Ракометарите на Охрид забележаа победа на гостувањето во Куманово Во натпревар од 20 коло што се одигра вечерва во салата „Перо Наков“, Куманово – Охрид 14:30, полувреме 5:15 Охрид го диктира...
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.