На собранието на кое присуствуваше генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија, Димитар Зинзовски беше формиран и управниот одбор на ОФС. Новиот управен одбор заедно со 36-те делегати ги усвои сите точки, а за претставник од ОФС во ФФМ беше избран Тони Иваноски.
На присутните делегати, преставници на ФФМ и спортските работници им се обрати првиот претседетал на ОФС Охрид, Иван Новески – Многу ми е драго што нашата традиција ја продолжија други амбициозни луѓе. Присуствувам на секое собрание и неможам да го опишам со зборови тоа чувсто дека јас бев првиот претседател на ОФС.
Старо-новиот претседател Диме Попоски им се заблагодари на довербата на делегатите и најави ренесанса на фудбалот во Охрид.