– Тоа во голема мера ќе се одрази и на туризмот затоа што државата ќе треба да го поништи распишаниот тендер и да отвори нова постапка, која не може да заврши пред месец август, што значи дека и во претстојната туристичка сезона нема да биде дозволен рекреативен рибиолов на Охридското и другите езера, изјави за OhridNews Радован Димитриески од риболовното здружение „Св. Апостол Петар“.
Димитриески тврди дека дека е направена погрешна проценка и на дозволените квоти за излов од страна на Хидробиолошкиот завод, поради што спортските риболовци бараат да се направи ревизија на риболовните основи што ги изготви научната институција.
Охридските спортски риболовци велат дека се во постојан контакт со колегите од Дојран и Дебар и дека по добивање на официјално известување за доделување на на концесиите соодветно ќе реагираат.