Има повеќе од доволно време за ДИК да го прочисти избирачкиот список до 5-ти јуни, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по денешната посета на Државната изборна комисија.

-Апсолутно има услови да се постигнат сите рокови за спроведување фер и демократски избори на 5 јуни, рече Димитриев по средбата оценувајќи ја за конструктивна.

Тој посочи дека од членовите на ДИК добил уверување дека дополнителното време кое што е добиено со поместување на рокот за одржување на изборите е доволно да се постигне се што е обврска на ДИК.

– Ние како Влада и сега го делиме ставот дека оптимален и реален рок за одржување на изборите беше 24 април и реално можеше да се постигне за организирање на фер избори. Меѓутоа, апелирав поместувањето на рокот на изборите да не влијае да го чекаме крајниот рок за исполнување на сите обврски, да си ги завршиме обврските многу пред тоа со што ќе влијаеме за дополнително создавање на позитивна атмосфера и амбиент,  рече Димитриев.

Тој информира дека на средбата станало збор за сите тековни активности на ДИК и за тоа што Владата може да помогнеме во однос на потребите на Комисијата при што договориле идни чекори коишто Владата треба да ги направи за поддршка на ДИК со цел да се запазат сите рокови за организирање фер и кредибилни избори.

– Веќе денеска завршува процесот на валидација на податоците. Уште денеска или најдоцна утре може да се почне со вкрстување на базите на податоци. Експертите коишто ги има ангажирано ДИК предвидуваат  тоа вкрстување на податоците да трае седум до десет дена. Потоа следи теренската проверка што значи дека имаме многу извесна ситуација дека на време ќе биде прочистен Избирачкиот список, рече Димитриев.

Oва е трета средба на премиерот за спроведување на изборите со ДИК, а втора која се одржува во просториите на Комисијата.

OhridNews

OhridNews