Министерот за надворешни работи Никола Димитров е убеден дека Грција има интерес за европска Македонија. На покана на неговиот грчки колега Никос Kоѕиас Димитров наскоро ќе ја посети Атина за, како што изјави, да го престави новото лице на Македонија, бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина.Грција практично ќе биде првата соседска земја во која ќе оствари билатерална посета, јавува „Макфакс“.

“Работа на дипломатијата е да гради мостови, да прави пријателства и да отвара врати и перспективи. Бидејќи нашиот најголем предизвик за евроатлантските интеграции се токму односите со Атина, сакам прво во Грција да го претставам новото лице на Република Македонија. Убеден сум дека имаме многу заеднички интереси. Убеден сум дека и Грција има интерес за европска Република Македонија“, изјави Димитров.

Шефот на грчката дипломатија веќе најави дека по изборот на новата влада ќе ја интензивира соработката со земјава.

„Неколкупати разговарав со господинот Заев и ќе го поканам мојот колега Димитров во Атина, за да изнајдеме начини за интензивирање на соработката и да ги решиме сите дамнешни проблеми, релативно и во духот на демократскиот концензус. Како што знаете, им кажувам на моите студенти и во министерството, дека приказната мора да биде училиште, а не затвор. Ние сакаме нашиот сосед од затвор во кој сам се стави и да разбере дека дел од европската култура е култура на консенус и компромис во внатрешната политика и соседството“ – изјави Коѕијас.

OhridNews
извор: „Макфакс“