Веќе десет дена како поминаа од Финалето за КУП на РМ за сениори-ки, а првакот во машка конкуренција и севкупна конкуренција не се знае. Изгледа само кај нас комисиите работат по цела година за да дојдат до резултатот.

Се е јасно и затоа,

Атлетскиот клуб “Охрид” од Охрид поднесува барање за непризнавање на резултатите постигнати на Финалето за КУП на РМ за сениори-ки кој се одржа во Скопје на ден 15/16.06.2013 година, односно натпреварот да се повтори.

Причината ја гледаме во следното. Натпреварот беше нерегуларен во повеќе наврати.

1.    Судиите беа во одредени ситуации пристрасни, глуви и слепи. Поточно, во дисциплината фрлање копје на една од атлетичарките од АК “Перпетумобиле”, судијата, иначе познат по штеловање на резултати, не сакаше нити да слушне, нити да види престап. Така се дојде до саканиот резултат за бодови.

2.    Судиите молчеа и кога се трчаше на 5000 и 10000 метри.

Ниту еден атлетичар не беше дисквалификуван иако имаше прилика за тоа за повеќе атлетичари кои ја кратеа патеката на секој круг по некој метар.

3.    Атлетичар кој трчаше В.К. во одредени дисциплини, одеднаш стана член на клубот “Перпетумобиле” и си трчаше во дисциплината 4х100. Иако АК Охрид даде жалба и барање да се дисквалификува штафета, истото се повтори и вториот ден на другата штафета 4х400м. Ниту судиите ниту пак делегатот реагираа на тоа. Се како да беше изрежирано и ништо не можеше да ги спречи да дојдат до целта – освојување на првото место.

4.    Исто така условите за натпревар покрај другото беа катастрофални во дисциплината скок во височина, каде имаше можност некој да се повреди, бидејќи доскочиштето не беше нити по најниски стандарди, но сепак натпреварот мораше да се одржи во Скопје, а не во Охрид каде условите се подобри за таа дисциплина.

До мислење сме дека во моментов не може да се одржи квалитетен и значаен натпревар во Скопје како што е КУП-от, кој е еден од најважните натпревари за сите екипи.

Пристрасноста, слабото судење, лоши услови и др. е причината за она што ни се случува во градот Скопје.

Бараме, натпреварот да се повтори и тоа без атлетичари кои ќе земат учество вон конкуренција.

Професор : Влатко Димитров