Бугарискиот тенисер Димитров повеќе попознат како момче на Марија Шарапова сензационално го елиминираше Новак Ѓоковиќ со 2-1 сетови во првата рунда од мастерс турнирот во Мадрид.


Рекетот број еден мошне нервозно го започна мечот, а тоа кулминираше со загубен прв сет. Но, Србинот покажа зошто е најдобриот тенисер моментално и возвати зво вториот за изедначување.

Сепак, Бугаринот во решавачкиот трет сет приреди вистинска сензација откако го доби со 6-3 и се пласираше во следната фаза од мастерс турнирот во Мадрид.

Мх.П.