Усепешен настап за охридските атлетичари на Државното првенство во фрлачки дисциплини кое се одржа во Охрид. Најзабележителни резултати постигнаа Спасе Петровски и Јулијана Вељановска триумфирајќи по три пати во своите дисциплни, Маргарита Арсовска два пати се искачи највисоко на подиумот, додека Матеј Петровски, Методија Велков и Стефан Стојаноски по еднаш.

Задоволни сме од одзивот и масовноста на овој натпревар. Може да бидам задоволен од освоените први место, но не и од постигнатите резултати. Тие се под очекувањата но такви се бидејќи врменските услови ги диктираа подготовките. Очекувам секој следен натпревар резултаите да бидат се подобри и подобри – рече тренерот н АК Охрид, и селектор на репрезентација Влатко Димитров.

Натпреварот во Охрид беше од изборен карактер пред претстојниот Европски куп во фрлања кој ќе се одржи на 17-18 март 2012 година во Бар, Црна Гора. Охриѓанецот Петровски (18) очекува добар настап на престојниот собир.


Како за натпревар на отварање на сезоната може да бидеме задоволни. Во секој слуачј добро ќе ни дојде за да биде подготвени за европскиот куп, каде очекувам да го нападнам македонскиот рекорд – истакна Петровски кој во Црна Гора ќе настапи во дисциплината фрлање диск.

М.П.