Министeрот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, денеска ќе престојува во официјална посета на Грција. Тој во Атина ќе се сретне со неговиот грчки колега Никос Коѕијас.
Се очекува двајцата министри да разговараат за билатералните односи со акцент на спорот со името.
Посетата на Атина е прва посета воопшто на странска држава што ја реализира новиот министер за надворешни работи Димитров.
OhridNews