Македонскиот маратонец Игор Димовски успеа да го преплива каналот Ла Манш и стана четвртиот пливач од нашава земја, кој успеал да ја мине дистанцата од Довер до Кале.
Димовски во последните километри имал огромни проблеми со високите бранови и морските струи, но сепак и покрај се тој на крајот стигнал до францускиот брег.
По Атина Бојаџи, Нико Нестор и Томи Стефановски, Димовски е четвртиот маратонец, кој успеал да го преплива каналот.










