Фудбалерите на Охрид Лоте , Христијан Димоски и Ѓуро Мурџоски се по вкусот на селекторот на аматерската фудбалска репрезентација на Македонија, Мите Митев.
Тој на “Билјанини Извори“ го следше мечот од втората лига меѓу Охрид Лоте и Ринија (2-0) и потенцираше дека овие двајца фудбалери најверојатно ќе се најдат на списокот кој ќе биде соопштен деновиве.
Аматерската репрезентација на Македонија во септември ќе биде домаќин на Северна Ирска, Естонија и на Шведска во група од Купот на региони на УЕФА. Ова ќе биде второ учество на македонските аматери на ова натпреварување, откако лани воопшто не се прославија во Сан Марино.
Тогаш за македонската аматерска репрезентација играше и напаѓаќот на охридскиот второлигаш, Охрид` 04, Игор Клечкароски кој беше стрелец на единстевниот погодок за аматерската репрзентација. Во првиот натпревар Македонија беше поразена од Унгарија со 2-0, додека во вториот ремизираше против Сан Марино со 1-1.
Ракометарите на Охрид во рамки на 18-то коло од Супер лигата во четврток гостуваат во Радовиш Иако Радовиш е екипа без победа до сега, ние влегуваме максимално во натпреварот и се надеваме дека со ...
ГРК Охрид му оддржа ракометна лекција на актуелниот првак Е Пелистер во салата “Билјанини извори” Домаќинот славеше 29:25 во меч во кој Охрид беше подобар во сите 60 минути Битолчани т...
Ракометарите на Охрид го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер 29:25 (13:11), во дерби натпреварот од 17 коло од Супер лигата Во извонредна атмосфера што ја создадоа навивачите на двете еки...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.