Освоија бод, заслужија три, но охридските “бели“ лесно можеа да останат и со празни раце,  доколку Димоски во финишот не погодеше, спасувајќи го тимот до пораз. Офанзивниот играч за врска втор натпревар во низа ја тресе противничката мрежа, и со два постигнати гола е меѓу најдобрите стрелци во тимот, заедно со Клечкароски и Алими.


– Ја здогледав празнината во нивата одбрана, го искористив момент и успеав да погодам. Мечот беше тежок доста исцрпувачки за нас, рано го отворија резултатот, а потоа организирано се бранеа, чекајќи нова контра. Се обидуваме и успевавме со кратки додавања по земја да создадеме шанси за подогок – вели Димоски.

Многу нешта ќе се сменаа и мечот ќе добиеше сосема друг тек доколку Клечкароски на средината на првото полувреме пеналот го претвореше во гол.

– Нереализираниот пенал, не “поремети“ но не не исфрли од ритам. И во вториот дел продолживме да напаѓаме, континунриано наметнавме притисок кој резултираше со изедначувачки гол во последните моменти – потенцираше Димоски, кој беше избран за играч на натпреварот против 11 Октомври.


Паузата која следи во првенството ќе биде добредојдена за составот на “рибарите“ кој дополнително ќе се подготви за финишот од есенската полусезона.

М.П.