Примислав Димовски рутинирано и без премногу ризици го победи Бугаринот Жеко Жеков со 4:0 во бодови и се пласира во саботното финале во супертешката категорија.

Таму противник ќе му биде српскиот боксер Горан Деспотовиќ кој исто така со 4:0 го победи Италијанецот Франческо Росано. Росано претходната вечер сензационално го победи Кубанецот Хозе Ларудет Гомез.

Ибраим Мустафи во лесна категорија исто така избори пласман во финалето по тешкиот меч против Калин  Мавродиев од Бугарија кого го совлада со 6:4 на поени. Во финалето Мустафи ќе боксува против Русинот Семен Гривачев. Русинот во полуфиналето го победи нашиот Серхан Мемедов кој ја предаде борбата по првата рунда.

Вели Мумин во мува категорија за жал незаслужено загуби од Бугаринот Стефан Иванов. Мумин одлично започна, поведе со 2:0 по две рунди. Во третата Иванов во една акција собра два поени, а по тоа во една размена на удари и двајцата погодија но бод судиите му пишаа само на Бугаринот. По водството од 3:2 Иванов бегаше по рингот и ја сочува бодовната предност.

И Исак Сулејмани во најлесната  категорија (-49 кг.) загуби од Бугаринот Ѓорѓи Андонов со 3:4.

Останати полуфинални резултати:

Мува: Рамирез Карзана (Куба) – Феликс Круја (Алб.) 7:0

Бантам: Јорге Кастил (Куба) – Мануш Бурмушу (Пол.) 10:0

Лајт Лесна: Дарио Вангели (Ит.) – Андон Павлов (Буг.) предадена 2 рунда, Хулио Вренози (Алб.) – Сергеј Хигајев (Рус.) 1:0.

Велтер: Карлос Суарез (Куба) – Симеоин Шатов (Буг.) 2:1, Велибор Видиќ (БиХ) – Астмер Билали (Алб.) 2:0.

Средна: Максим Газизов (Рус.) – Бојан Пешиќ (Ц.Г.) 2:0, Емилио Кореа (Куба) – Албан Бермета (Алб.) 1:0

Лесно тешка: Џемал Бошњак (БиХ) – Стојмен Димитров (Буг.) 2:0, Хулио Ла Круз Пераза (Куба) – Марек Матија (Пол.) предадена по 1 рунда.

Тешка: Марко Радоњиќ (Ц.Г.) – Кристијан Демај (Алб.) 1:0 Михал Олас (Пол.) – Есландо Савон (Куба) 5:2.

Во финалето во сабота Кубанците ќе настапат со 6 боксери, Албанија со 3, по два претставника ќе имаат Русија, БиХ и Македонија, а со по еден боксер ќе бидат застапени Србија, Црна Гора и Полска.

“Извор Макфакс“
Ohridnews