Аргентинецот во дресот на Барселона, Лионел Меси по четврти пат се закити со наградата најдобар фудбалер на светот.


Со освојувањето на “златната топка“, Меси стана единствениот фудбалер што четири пати ја освојувал оваа награда.

– Ова е неверојатно, ова е четвртата награда за мене. Сакам да им се заблогадарам на сите мои соиграчи, противници на мојата сопруга и детето и секако на господ – посочи Меси по примањето на наградата.

За најдобра фудбалерка во 2012-та година е прогласена Американката, Еби Вамбах.


Во тимот на годината доминираат Барселона и Реал Мадрид со по пет фудбалери додека екипата ја комплетира Радамел Фалкао од Атлетико Мадрид. 

Освојувач на наградата за најдобар тренер е селекторот на Шпанија, Винсент дел Боске. Во женската конкуренција триумфираше Швеѓанката, Пиа Сундхаге.

Тимот на 2012-та година : Икер Касиљас, Дани Алвес, Жерард Пике, Серхио Рамос, Марсело, Чаби Алонсо, Чави Хернандес, Андрес Иниеста, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Радамел Фалкао.

Сите добитници на наградите за 2012 година :

Најдобар тренер во машка конкуренција : Винсент дел Боске.

Најдобар тренер во женска конкуренција : Пиа Сундхаге.

Претседател на годината : Франц Бекенбауер.

Фер Плеј на годината : Фудбалската федерација на Узбекистан.

Гол на годината : Мирослав Сточ.

Фудбалерка на годината во женска конкуренција : Еби Вамбах.

Најдобар фудбалер во 2012 година : Лионел Меси.

Мх.П.