Првите впечатоци на нашата делегација по случувашата во Виљнус. Претседателот Даниел Димевски со негово размислување окoлу групата на Македонија за претстојното европско првенство во Литванија 2011 година.


– Група по мерка, атрактивни противници кои што мотивираат. Од досегашното искуство на играње со повеќето од нив, мислам дека имаме добра прилика да се претставиме во најдобро светло и да го повториме успехот од претходното Европско првенство во Полска“.

Оваа година сме побогати за едно драгоцено искуство од изминатото првенство. Кога се ќе се собере и одземе на играчки план, мислам дека оваа година сме појаки од лани.

“Предноста јагледам што во евентуалната втора фаза вкрстуваме со екипите од групата “Д“ каде што очекувам нашиот играчки квалитет да преовлада“.


Литванија е кошаркарска земја, при Вашиот престој сигурно добивте нови импресии околу организаторот на Евробаскетот.

“Привилегија е да се игра во земја каде што кошарката е спорт број еден и каде прва асоцијација за земјата е токму нивната кошаркарска национална селекција.  Таквиот амбиент очекувам многу позитивно да влијае на мотивацијата на нашата репрезентација која најдобро игра пред полни сали“.