Хрватската кошаркарска селекција неочекувано натпреварите на Евробаскетот ги заврши во осминафиналната фаза. Неприминлива пречка за хрватите беше Чешка која пласман во четвртфиналето обезбеди победувајќи со огромни 21 разлика (80-59).


„Коцкастите“ иако важеа за фаворити од сенка во ниту еден меч на ЕП не го потврдија тој епитет победувајќи ги ривалите со многу мака и не убедливо.

– Се мачевме цело првенство, но се надевав дека ќе дојде крајот и дека кошаркарите ќе заиграат онака како што знаат. Потајно се надевав на спојот младост и искуство против Чешка, а никогаш не ни помислував дека ќе изгледаме како репрезентација од основно школо. Немаше никаков жар во кошаркарите, во вториот дел место да гризат на теренот тие играат како да е ова ревијален натпревар. Со ваков пристап не ме чуди да изгубиме и од женската селекцијата на Чешка. – рече Дино Раџа и додаде. – Од далеку се гледа дека некои ликови во нашата репрезентација не се заинтересирани за кошарка, а ние пак од нив правиме ѕвезди. Едноствно, денешната кошарка не трпи размазени ѕвезди туку играчи кои се секогаш расположени за игра и борба.

Хрватската селекција беше домаќин на дел од Евробаскетот. Во загребската Арена се одиграа мечевите од Ц групата каде беше сместена и Македонија, која не успеа да ги продолжи натпреварите.

Мх.П.