Викендов, во Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена изложбата  „ Став“ на дипломските проекти на генерацијата запишана 2006 година од Архитектонскиот факултет во Скопје. Изложбата содржи проекти кои имаат свеж и зрел став кон архитектурата и кои покажуваат една нова визија.

Покровител на изложбата е Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) е една од  најголемите професионална архитектонски организации во земјава.

Поставката во просториите на Центарот за култура ќе може да се види  до 1 август, од каде ќе биде префрлена во кафе бар Ликвид и кафебар Шила.

OhridNews