Нешто по полноќ, во еден од познатите ресторани во центарот на градот дошло до нарушување на јавниот ред и мир при што физички бил нападнат директор на едно од охридските јавни претпријатија.

Инцидентот бил пријавен во охридската полиција каде на информативен  разговор биле повикани учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир. По излегување од полициската станица, дошло до самоиспукување на пиштолот кој директорот на јавното претпријатие легално го поседувал со дозвола и истиот го имал пријавено во полиција. Испуканиот куршум завршил во плочникот од каде се одбил и му нанесол гребнатина на ногата.

Случајот го потврдуваат од охридската општа болница каде ноќеска било примено лице со прострелна рана  во задникот. По извршената интревенција лицето било пуштено на домашно лекување. Во болница бил примен и вториот учесник во тепачката кој бил задржан на понатамошно лекување.

Од СВР Охрид работат на расчистување на случајот.

OhridNews