Од 8-ми до 10-октомври, Охрид ќе биде домаќин на Глобалниот инвестициски самит „Македонија 2025“, на кој учество ќе земат истакнати имиња од светската бизнис елита, односно бизнисмени од земјава и дијаспората.

Како што најави за медиумите претседателот на Бордот на директори, Мајк Зафировски, директори на светските познати корпорации веќе го потврдиле своето учество.

Меѓу нив, се издвојуваат директорите на „Мајкрософт“, „Филипс“, „Моторола“, „Блекстоун“, „Дрекселмајер“ и други.

OhridNews