Во текот на вчерашниот ден во Основното Училиште “Дебрца“ во село Белчишта, се одржа работен состанок на Активот на директорите на основните и средните училишта од општините Охрид и Дебрца.

На состанок бил направен преглед и сумирање на резултатите од работењето од изминатата учебна година, а се разгледувала и распределбата на часовите за учебната 2012/2013 година.

На состанокот станало збор и за актуелните прашања по завршувањето на учебната година, а имало и повеќе предлози за подобрување на условите за работа во основните и средните училишта во регионто на овие општини.

OhridNews