Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Лазар Поповски, заедно со пливачките легенди и добитници на Национално спортско признание, Томи Стефановски и Нико Нестор , Претседателот на Федерацијата за училишен спорт, проф. д-р. Александар Туфекчиевски и претставници на Организациониот Одбор , Лилјана Затуроска и Ѓорѓи Илоски ги посетија учесниците во проектот „ Спортско Лето Струга 2012“ кој од 7-27 август се одржува во Струга.
Директорот се сретна со спортистите и претставниците од клубовите кои беа вклучени во проектот, но и со децата и младите кои на плажите во Струга учеа да спортуваат . Во проектот беа вклучени и децата од социјално ранливи семејства кои летуваа во одморалиштето „Мајски Цвет“ во Струга.
Од страна на учесниците беше пренесена големата заинтересираност за секој од спортовите, со што беше изразено огромно задоволство, но и заинтересираност и желба овој проект да продолжи и во иднина.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com