Како што информираат од министерството за внатрешни работи, директорот на Бирото за јавна безбедност д-р Љупчо Тодоровски, согласно законските одредби, од денес заминува во пензија.

Поголемиот дел од професионалната кариера на Тодоровски е поврзана со Министерството за внатрешни работи, каде што, по дипломирањето на Факултетот за безбедност во 1982 година, се вработил, најпрово во управата за НТ со дрога. Еден кус период (1988/89 година) работи и како асистент  на Факултетот за безбедност по предметот Криминалистичка методика, а во текот на годините во МВР ги минува сите хиерархиски скалила вршејќи одговорни раководни функции, почнувајќи од инспекторатот за социо-патолошки појави- зависности од дроги, началник на управата за НТ со дрога, началник на управите за организиран криминал и за аналитика како и началник на криминалистичката полиција. Од 2006 година е директор на Бирото за јавна безбедност на МВР.

OhridNews