Директорот на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, Сашо Донев денеска беше во ненајавена контрола на тековните активности кои ги изведува ова претпријатие.

Во рамки на контролата, тој ја посети улицата „Радојца Новичиќ“ кај црквата „Св. Тројца“, која се подготвува за асфалтирање, односно се врши тампонирање во должина на целата улица. Исто така беа посетени и работниците кои работат на кружниот тек кај Билјанини извори каде се врши нивелирање на шахтите.

Донев најавува дека поради поефикасно извршување на предвидените работни активности, во иднина ќе следат повеќе вакви контроли.

OhridNews