Охридската библиотека е партнер на седум европски библиотеки во изработката на заеднички проект од областа на библиотекарството, кој ќе биде промовиран во 2012 година. Носител на проектот е Библиотеката „Иван Потрч“ од Птуј – Словенија, а другите партнери се три библиотеки од земји – членки на ЕУ: Франција, Германија и Словачка, заедно со три библиотеки од Хрватска, Србија и Македонија.
На оваа прва, подготвителна средба, директорите треба да донесат план и да изготват стратегија за успешна реализација на проектот.