На барање на фирмите и граѓаните, во текот на денешниот ден Директорот на УЈП, Горан Трајкоски, ќе ги посети Вевчани, Струга, Охрид, Ресен, Битола и Демир Хисар.

На средбите, посебен акцент ќе се даде на прашањата кои ги поставија бизнисите до Управата – модели на оданочување на мали бизниси, репрограм на даночни долгови, актуелните новини и поволности во даночното работење за фирмите…Присутните ќе можат да се запознаат и со новата услуга на УЈП за електронско издавање на уверенија и потврди.

OhridNews