“Заразени со вирусот на хуманоста”, преку 300 хумани луѓе од различни генерации, синоќа се забавуваа на хуманитарната црвено-бела забава во дискотеката „Парк“ што Црвениот крст Охрид ја организираше за помош на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца.


Со звуците на музика од повеќе жанрови, поддржани со видео материјали од активностите и мисијата на движењето на Црвениот крст видно беше расположението,  задоволството и среќата на присутните на хуманитарнат забава, што со со своето учество помагаат на оние на кои помош им е најпотребна.


Најсреќна од сите  сигурно беше 16 годишната Климентина Плевнеш, чиј број на влезница беше извлечен на наградната игра, со што таа стана добитник на наградата 7 – дневно зимување на Копаоник.


Продолжувајќи да пулсира во ритамот на хуманоста, Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите кои ја поддржаа и помогнаа оваа хуманитарна забава и ги повикува сите луѓе на хуманост и солидарност, потсетувајќи дека СЕКОЕ ВРЕМЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ВРЕМЕ НА ДОБРИНА.

Ohridnews
ФОТО: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ