Игра пет на пет како и нови комбинации и варијанти во нападот вооигруваа македонските кошаркарски репрезентативци кои во Охрид се подготвуваат за престојниот квалификациски циклус за ЕП 2015 година. Селекторот Џикиќ имаше можност да ги согледа можностите на својот состав кој ќе се обиде да изваде виза за настап на Евробаскетот.

Серија откажувања го одбележаа овој период , па така задачата на Џикиќ нема да биде воопшто лесна.
– Требаше да биде различно но на жалост не е, што е тука е тоа треба добро да го созвакаме и да го проголтаме . Во овој состав ќе излеземе и ќе го дадеме најдоброто од себе, неможеме да дадеме повеќе од тоа што може да го дадеме, ќе пробаме да трчаме да се бориме и да се надигруваме, некогаш тоа ќе биде доволно за победа некогаш не – потенцираше селекторот.
На подготовките во Охрид, селекторот наметна жесток и ритам, а бара и целична дисциплина.
– Тоа се нормални работи во тренежниот процес, нема тука ништо со што тие не се соочиле. Колку јас знам тие имаат исти такви или слични третмани во нивните тимови, ние разговаравме и јас им објаснав дека е многу важно да слушаат што им велам, а не како им велам, така што полека се запознавме едни со други – додаде Џикиќ.

– Мора напорно да работи, ако има среќа во кариерата, кој досега ја немаше, младите играчи мора да играат, мора да учат мора да прават грешки,тие грешки да се трпат и да се работи на нивно остранување, тие нема да станат подобри кошаркари само затоа што ќе минува времето , иста ситуација е со Младеновски, Арсовски, нема да бидат ништо подобри само зато што ќе поминат 4 години. – заврши Џикиќ.
Ohridnews











