Двајца полицајци од струшката Полициска станица и двајца вработени во СВР- Охрид заработија казни поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

На полицаец за патрола и интервенции во дежурна служба во ПС ОН Струга, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од пет месеци затоа што несовесно ги извршувал работните задачи, а на негов колега изречен му е условен отказ .

Како што информираат од МВР, на документарист во Одделението за заеднички работи при СВР Охрид, изречена и е мерка „писмено предупредување“ затоа што не се придржувала на утврденото работно време, распоред и користење, а поради истите причини мерка писмено предупредување му е изречено и на советник во Одделението за заеднички работи при СВР Охрид.

OhridNews