Дел од граѓаните кои живеат или работат во непосредна близина на паркингот кај старата Автобуска станица немаат никаква еколошка свест. И покрај постојаните апели од екипите на ЈП Охридски Комуналец, тие и понатаму отпадот од своите домаќинства или деловни објекти го одлагаат  на несоодветно место, наместо да го фрлат во контејнерите.


Таблата “Забрането фрлање ѓубре” нема ефект


Празни контејнери на само 20 метри од депонијата

-Поставена е информативна табла за забрането фрлање отпад, алармирани се инспекциските служби и граѓаните, но сеуште наместо отпадот да се депонира во контејнерите кои се на само 20 метри од оваа локација, се
расфрла како на некоја депонија
-велат од ЈП Охридски Комуналец.

Од таму додаваат дека комуналните екипи и понатаму се соочуваат со пороблеми околу депонирањето на зелениот отпад.




-Ако досега зелениот отпад несоодветно се оставаше покрај контејнерите, тротоарите и коловозите, во последниве неколку дена се соочуваме со случаи, кога граѓаните не се ни потрудиле да го исчистат зелениот отпад од јавните површини кои ги средувале.-велат Комуналците.

OhridNews