Елитниот хотел со 5 ѕвездички предвиден со урбанистичкиот план вон населено место за туристички комплекс на дел од туристички локалитет Горица кај Охрид, ќе го гради скопската компанија „Дивелоп груп“.

Парцелата  со вкупна површина од 15.878 метри квадратни, наменета за изградба на хотелски комплекс денеска повторно беше ставена на јавно наддавање со почетна цена од 61.00 денар  по метар квадратен. Од пристигнатите 3 понуди, најповолна била таа на „Дивелоп груп“, која на јавното наддавање понудила вкупно 63.670.780,00  денари или 4.010,00 денари по метар квадратен.


„Дивелоп груп“ ќе го гради хотелот со 5 ѕвезди кај Горица

Најповолниот понудувач, е должен во рок од 15 дена да ги уплати понудените средства во спротивно договорот за изградба на елитен хотел во Охрид еднострано ќе биде раскинат, а  банкарската гаранција во  износ  од  100.000,00  евра ќе биде активирана, информираат од Министерството за транспорт и врски.

„Дивелоп груп“ се поврзува со изградбата на хотел од светски познатиот ланец „Мериот“ во Скопје.

Државата веќе 4 години се обидува да го продаде атрактивното земјиште кај Горица. По неколкуте неуспешни обиди да се привлече познат хотелски бренд, Владата ги спушти критериумите и локацијата ја понуди на продажба по цела од едно евро за метар квадратен. На претходното јавно наддавање за плацот кај Горица беа понудени 23000 евра, но купопродажбата не се реализира затоа што понудувачот не ги уплати потребните средства.

Г.М.