Од ноќеска на полноќ за 2,50 ден/лит. се намалува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика литар дизел ќе чини 70,50 денари.
Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 77,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 79,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) 72,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,499 ден/кг и ќе изнесува 40,188 ден/кг.
OhridNews