Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи вечерва Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,85 отсто.

Со одлуката на РКЕ за 1,044 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 56,207 денари.
Како причина за новите малопродажни цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во просек за 1,322 отсто кај бензините и за 3,21 отсто кај дизелот, како и за 0,016 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
OhridNews











