Од ноќеска на полноќ дезелот поскапува за половина денар, додека малопродажните цени на бензините остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) изнесува 47,50 ден/лит.
За 0,34 денари се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 кој од утре ќе се продава за 25,689 денари за килограм.












