Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за два денара по литар, а цената на другите горива останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37 отсто.

Како причина за зголемената цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај дизелот во просек за 1,078 отсто и намалените кај бензините во просек за 2,407 отсто, како и за околу 1,488 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
OhridNews











