Државната комисија по распишувањето на локаните избори од страна на Претседателот на Собранието на Република Македонија, денеска, утврди оперативен план за своето дејствување со цел обезбедување доследна примена на законските одредби што се однесуваат на изборите и превентивното дејствување за спречување на корупцијата во овој значаен политички и демократски процес.

 Државната комисија укажува на обврските што произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата, членот 11, според кој во текот на изборниот период:

• не можат да се користат буџетски средства на Република Македонија, средства од буџетите на општините и градот Скопје, од јавни фондови и средства на јавни претпријатија и јавни установи или правни лица што располагаат со државен капитал, освен ако тоа поинаку не е утврдено со закон со кој се уредува финансирањето на изборните кампањи на политичките партии;
• не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.
• не може да започне изградба со средства од буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија или други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата, како патишта, водоводи, далноводи, канализација и други објекти или на објекти за општествени дејности – училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година.

Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 12 од Законот за спречување на корупцијата, ќе го следи целиот изборен процес и во случаите кога постојат основи за сомневање дека буџетските средства или средствата од јавните фондови или средствата од јавните претпријатија и јавни установи или други правни лица што располагаат со државен капитал, како и државниот капитал, се непосредно или посредно, преку инвестициони работи или на друг начин, користени за изборна кампања или воопшто за финансирање на изборна и друга политичка активност, ќе презема мерки за утврдување на таквите сомневања и ќе иницира постапки согласно со нејзините надлежности, ќе ги извести надлежните органи и ќе бара преземање активности во рамките на нивните надлежности, информираат од ДКСК.

Воедно, Државната комисија предочува дека според член 13 од Законот за спречување на корупцијата, политичка партија или кандидат на изборите не смеат да прибираат и користат противправни и анонимни извори на финансирање, при што проверката на приливот на средства или други исплати преку банка, по барање на Државната комисија не претставува повреда на банкарска тајна. Државната комисија потсетува дека согласно со член 14 став 1 од Законот за спречување на корупцијата давањето или ветувањето подарок или друга корист за себе или за друг, на избирач при избори или гласање на референдум, за да гласа или да не гласа или да гласа за определен кандидат или определена одлука, се смета за поткуп при избори и гласање.

Државната комисија во спроведувањето на законската регулатива за спречување на корупцијата во политиката во конкретни случаи и во овој изборен процес ќе остварува непосредна соработка со државните органи, како и со медиумите, здруженијата на граѓани и со граѓаните, соопшти ДКСК.

OhridNews