Дмитар Свилар на ниво на Охрид е еден од луѓето коишто имаат дарувано крв многу пати, поточно 195 дарувања. Има 74 години и живее во Лакочереј од 1976-та година. Вели дека пробал неколку пати да ги мотивира младите да даруваат крв, но не му е јасно зошто не сакаат да даруваат крв. За него подобро чувство нема откако ќе дарува крв.

Иако живее тука скоро 50 години, неговиот статус за државјанство не е решен. Свилар поднесувал многупати, но сѐ уште нема македонско државјанство и пасош, и нема македонска лична карта, туку секоја година вади нова лична карта за странци. Работи како бурекџија, секоја вечер од 22 часот до 7 часот наутро.

Господниот Свилар вели дека во местото каде што живее сам, нема вода, односно од месната заедница не му дозволувале да се приклучи на системот, па со години користи пумпа за вода. Бара одговор на многу прашања за кои смета дека треба да му се разрешат тука, бидејќи поголемиот дел од животот го поминал во Охрид, а никој не се залага за човек кој помогнал на многу други луѓе во градот преку крводарувања.

Погледнете ја целосната епизода со овонеделниот обичен херој – Дмитар Свилар.

 

Обични херои Е15 Дмитар Свилар

OhridNews