Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло. Во текот на попладнето а особено доцна попладне и во ноќните часови ќе има зголемување на облачноста проследено со локален пороен дожд и грмежи. На места ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и југозападен правец. Индексот на УВ зрачење ќе изнесува 7, информираат од УХМР Македонија.

Од вторник не очекува сончево и топло време. Дневните темпартури ќе бидат во пораст, во вторник до 32, во среда до 33, а во четврток на места живата во термометрите ќе се искачи до +35 степени Целзиусови.

OhridNews