Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 29 степени Целзиусови, а индексот на УВ зрачење 8, информира УХМР Македонија.

За време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.

OhridNews