– Од наша страна е предвидено чистењето да се изврши до почетокот на летната сезона, но доколку од страна на министерството за транспорт и врски не се доделат средства за оваа намена, тоа ќе се одложи се додека не ги добиеме потребните средства, велат од капетанијата.
Оттаму потенцираат дека со покачувањето на нивото на водата во езерото, и покрај тоа што не е извршено чистење на дното, тоа не преставува пречка за бродовите кои пловат да се укотвуваат на двете пристаништа.