Доколку се обезбедат средства, годинава, ќе се спроведе проект за истражување на дното на струшкиот дел од Охридското езеро.

Како што потенцираат од Нуркачкиот клуб “Амфора”, проектот би го опфатил делот од езерото на потегот од реката Сатеска до границата со Република Албанија.

Струшкиот дел од езерото е исто така интересна нуркачка локација. На длабочина од 8 до 10 метри би се извршиле подводни снимања со цел да се добијат нови сознанија за делот кој сеуште не е доволно истражуван. На овој потег интересно е што постои праисториска населба помеѓу Струга и Калишта , има потонати бродчиња од првата светска војна за кои нема пишана документација. Се претпоставува дека биле намерно потопени, вели Милутин Секулоски од НЦ Амфора.

OhridNews