Националната установа Библиотека “Григор Прличев” информира дека корисниците на библиотечниот фонд кои навреме не ги вратиле позајмените книги, имаат можност заклучно 31- ви декември годинава, да ги вратат книгите со плаќање на надомест за доцнењето во висина од една годишна чланарина, која изнесува 200 денари.

По истекот на овој рок, согласно одлуката на Управниот одбор, од страна на библиотеката ќе се наплаќа по 5 денари дневно за секоја позајмена библиотечна единица.

Ohridnews