Над 1 милијарда луѓе нема пристап до здрава вода за пиење, 2,5 милијарди немаат соодветен водовод и канализација, а секоја година поради недостиг на вода умираат 1,6 милиони луѓе, што е 10 пати повеќе од бројот на жртвите во војните ширум светот.
ОН го прогласија 22 март за Светски ден на водата кон крајот на 1992 година, додека од 2005 до 2015 година во тек е Светска декада на водата, наречена „Вода за живот“.
Темата на Светски ден на водата во 2011 е “Водовод и урбанизам.
Целта е да се фокусира вниманието на меѓународната јавност за влијанието на брзиот урбан раст на населението, индустријализацијата на урбаните системи за вода како и неизвесности предизвикани од климатските промени, конфликти и природни катастрофи. Тоа треба да ги охрабри организациите, заедниците и поединците низ целиот свет активно да се вклучат во решавањето на предизвиците со управување на водите во урбаните средини.
Кон одбележување на светскиот ден на водата се приклучи и МЈП „Проаква“ – Охрид.